Црна хроника
Приведените за убиството кај Универзална, се бранат со молчење
Приведените за вчерашното убиство кај Универзална сала во информативниот разговор со полицијата одлучиле да се бранат со молчење
Попладнево двајцата приведени дваесет и тригодишниот Јасмин Лесковица и четириесет и петгодишниот Харун Хаџибулиќ ќе бидат изведени пред истражен судија. Полицијата се уште официјално не ги соопштува мотивите за убиството. Засега само информираат дека претходната расправија и нетрпеливоста меѓу двете групи можно е да кулминирале со убиство. Неофицијално, двете групи се скарале за отворање на стриптиз бар.Осомничените и се добро познати на полицијата. Последната пријава против нив била поднесена пред шест дена.„Последната пријава е поднесена пред шест дена, поради сомнение дека сториле кривично дело, изнуда во обид кога со закани од бизнисмен барале исплата на наводен долг“ изјави Љупчо Тодоровски, директор на Бирото за јавна безбедност.Јасмин Лесковица кој е осомничен дека наводно пукал, претходно е пријавуван за насилство и спречување на избори и гласање, додека второосмничениот Харун Хаџибулиќ во 2005 е пријавен за убиство. „Второсомничениот добил во 2003 и 2006 пријави за насилство и две пријави за недозволено држење и тргување со оружје. Додека од судот во 2002 година е осуден за задолжително двегодишно психијатриско лекување“ додаде Тодоровски.На местото на вчерашното пукање, во објект во изградба пронајден е пиштол марка Заставаод кој се претпоставува дека било пукано и истиот е одземен и предаден на вештачење. Полицијата не исклучува ниту инволвираност на осомничените во петочниот инцидент во трговскиот центар Треска кога со нож беше избодено едно лице.Убиството се случи вчера пред кафулето Карма, кај Универзална сала околу 16.40 часот. Расправијата започнала во влезот од една од зградите во изградба. Двајцата напаѓачи насилно ги внеле тројцата оштетени и почнале најпрви вербална расправија. Почнале да го удираат триесет и шестгодишниот Кенан Кучевиќ со тупаници и клоци пред неговиот дваесетиедногодишен внук и триесет и четири годишниот пријател Мирсад Криешторац.Во еден момент еден од осомничените извадил пиштол и почнал да пука во Мирсад Криешторац. Му нанел тешки повреди во стомакот, надлактицата и надколеницата. Двајцата осомничени се обиделе да избегаат со возило шкода октавија, по што беа уапсени од алфите. Криешторац по кратко време им подлегна на повредите во Ургентниот центар, додека Кучевиќ заврши само со полесни повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.