Црна хроника
Родители продавале дрога во Струга
Против брачната двојка М.К.Ш (31) и П.К.(39) од Струга полицијата поднесе кривични пријави сомничејќи ги за нелегална продажба на дрога, информираше СВР Охрид
Поради основано сомнение дека се сторители на кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, истражен Судија при Основниот Суд во Струга им одреди мерка притвор во траење од десет дена.Кај брачната двојка пред три дена се пронајдени се две пакувања со десет грама хероин наменети за понатамошна продажба на наркозависници од Струга. Брачната двојка го набавила хероинот од Скопје по цена од 11.400 денари, по што со такси возило тргнале за Струга и биле запрени при сообраќајна контрола во близина на селото Мислешево.Бидејќи тие веќе имале договорено време и место за препродажба на хероинот на локалните наркозависници, поради нивното доцнење, наркозависниците постојано ги барале на нивните мобилните телефони, соопшти струшката полиција.Со оглед дека притворените се родители на малолетни деца, во разговорите со нив е вклучен и Центарот за социјални работи од Струга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прегазена 56-годишна скопјанка: ја удрило „порше“
Вчера околу 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ со ул.„Андон Кецкаров“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(52) од Скопје, удрило во 56-годишната Ц.Ц. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ц., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Измамил граѓанин за над 370. 000 денари: кумановец се претставил како вработен во туристичка агенција
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р.Турција, во износ од 373. 890 денари.
Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдена дрога, уапсено едно лице
Вчера во 13:50 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишија од слобода У.З.(45) од Кичево.
При претрес во неговиот дом и неговото возило „хјундаи“, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана, бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

