Црна хроника
Гардистот од АРМ ја ограбил Уни Банка за да врати коцкарски долгови
Гардистот на АРМ, дваесет ипетгодишниот Салиахмет Саид ја ограбил експозитурата на Уни Банка за да врати коцкарски долгови. Тој во четврток во попладневните часови беше приведен за грабежот на УНИ Банка во ТЦ Мавровка во Скопје на 18 јануари годинава
Салиахмет Саид во исказот пред полицијата признал дека на 18 јануари украл 80 илјади денари од експозитурата на „Уни Банка“ во Трговскиот центар „Мавровка“. Истражен судија му одреди 30 дневен притвор.Разбојникот вооружен со пиштол и маскиран со шал околу лицето, црна јакна со капуљача и безбол капа, влегол во експозитурата каде биле четворицата вработени, како и три странки кои се нашле во моментот во банката. Му ставил пиштол на еден од вработените на главата и му се заканил дека ќе го убие ако не му ги даде парите. Откако ги зел парите, крадецот избегал кон Старата скопска чаршија и отишол во автосервисот на неговиот братучед, дваесет иедумгодишниот Усеин Усеин каде и ги оставил парите. Безбол капата ја оставил во сервисот, а пиштолот, шалот и фармерките кои ги носел ги ставил во корпа за отпадоци од сервисот, која ја истурил во еден од контејнерите во Мавровка. Црната шушкавец јакна ја однесол во станот кај неговата тетка. „Во текот на вчерашниот ден со обезбедена судска наредба за вршење на претрес беа извршени неколку претреси, во касарната каде што бил вработен, во неговиот дом, во домот на неговиот братучед при што се одземени облека и други предмети кои што може да бидат од значење на истрагата“ изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.Црната безбол капа е пронајдена при претрес на домовите на Саид и Усеин, а во станот на тетката е пронајдената црната шушкавец јакна. Неговиот братучед Усеин се барал по распишана потерница за издржување казна затвор во траење од три години за тешки кражби и една година за продавање на дрога. Усеин е вратен во затворот Идризово. МВР работи на расчистување на уште неколку разбојништва за кои постојат индиции дека е можна инволвираност на разбојникот. По информациите дека и Јасмин Лесковица, убиецот на Мирсад Криешторац, бил гардист во армијата на АРМ, како и дека кривичните дела ги извршувале додека биле во работен однос со АРМ, се наметнува прашањето какви луѓе работат во армијата на Македонија. Од министерството за одбрана и Генерал штабот на АРМ, велат дека армијата не е над судската власт и дека не може да дејствуваат се додека судот не донесе одлука за некое лице кое е припадник на АРМ. „За секое прекршување на воената дисциплина во согласност со Законот за служба во АРМ, секој воен старешини е должен да покрене дисциплинска постапка врз основа на која потоа се изрекува одредена дисциплинска мерка. Што се однесува на кривични дела надвор од службата и надвор од објектите од АРМ , врз основа на правосилна судска одлука Армијата е должна да покрене и дисциплинска постапка против припадникот на АРМ“ изјави Мирче Ѓоргоски од ГШ на АРМ. Двајцата гардисти имале договор за работа во Армијата до април оваа година. Во февруари е започната постапка за прекинување на работниот однос на Лесковица, а договорот ќе му биде прекинат и на Саид
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Црна хроника
Измама со крипто валути, кумановец останал без 43.750 евра
Вчера во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријавил дека бил измамен за сума од 43.750 евра.
Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства.
Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
фото/Depositphotos
Топ
Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата
Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според пријавеното, таа во јуни 2025 година на жител на струмичко село му дала пари во износ од 2.700 евра, за кои сега барала да му врати несразмерен износ од 15.000 евра.
Имено, вчера оштетениот остварил средба со Ј.Т. на која требало да ѝ плати 100 евра, сума која ја определила како месечна камата за основниот лихварски долг. Во моментот кога ѝ ја дал банкнотата од 100 евра, која била претходно обележана, Ј.Т. е лишена од слобода.
Притоа, бил извршен преглед кај неа и биле пронајдени обележаната банкнота од 100 евра, тетратка и листови хартија на кои ги нотирала износите на парични средства кои ги давала на лица и износите кои како камата требало да ѝ бидат вратени.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нејзиниот дом, при што се пронајдени и одземени пари (денари и евра), нотарски акти, како и тетратки и листови на кои ги евидирала дадени износи на пари, од кои е утврдено дека Ј.Т. досега во повеќе наврати давала пари на лица, а тие требало да ѝ вратат несразмерен износ со кој таа се стекнувала со противправна имотна корист.
Ј.Т. е задржана во Полициската станица Струмица и за случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомневање дека сторила кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

