Црна хроника
Исчезна дете од скопско Средно Коњари
Седум ипол годишно дете од скопско Средно Коњари вчера попладне исчезнало од својот дом. Станува збор за Митат Ибраими, просечно развиен за неговата возраст, со кафеави очи и смеѓа коса. Последен пат бил облечен во сини фармерки и зелена горна тренерка
Неговото исчезнување, соопшти МВР, го пријавиле неговите родители денеска околу девет часот во полициската станица Петровец. По добивањето на пријавата, Одделението за потраги при СВР Скопје организирало активности за пронаоѓање на детето. Извршено е анкетирање на голем дел од селаните, а во претрагата на водите на Пчиња се ангажирани чамци и нуркачи од специјалните единици.Министерството за внатрешни работи апелира сите граѓани кои сметаат дека имаат каква било информација поврзана со исчезнувањето на детето или пак го забележале некаде, да се јават на телефонскиот број 192 или да пријават во најблиската полициска станица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.