Контакт

Црна хроника

Уапсен Грк кој нудел поткуп на Меџитлија

Објавено пред

Мерка притвор од 30 дена одредена му е на еден грчки државјанин, кој се обидел при влез во Македонија да ги поткупи граничните службеници, соопшти денеска МВР

Против лицето Ф.И.(1953) поднесена е кривична пријава, кој на ГП„Меџитлија“ на влез во Македонија, при пасошка контрола на полицискиот службеник му дал банкнота од 10 евра за да и дозволи влез во Македонија на неговата снаа М.В., која поседувала само неважечка грчка лична карта.

Лицето е изведено пред Истражен судија во ОС-Битола од чија страна му е изречена мерка притвор во траење до 30 дена.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

ОЈО предложи глоби од 2.000 евра за 15 лица

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе предлози за издавање казнени налози против 15 лица, кои го сториле кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Еден од нив допатувал на 18 март во државата од земја со среден ризик на зараза во согласност со листата на Светската здравствена организација. При влез во земјата потпишал изјави за самоизолација и бил запознаен со мерката за задолжителна самоизолација во согласност со одлуката за мерки за спречување внесување и ширење на коронавирусот  Ковид-19. Но, не ја почитувал на 19 март кога бил забележан од полициските службеници. За стореното кривично дело, Обвинителството побара од судот на обвинетиот да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од 20 евра во денарска противвредност.

Другите 14 лица за кои се поднесени предлози за издавање казнен налог не ја почитувале одлуката на Владата за забрана и посебен режим на движење, со која се забранува движење на населението од 21 до 5 часот наредниот ден. Тие во одделни настани биле затекнати како одат пеш или патуваат со возила, со што го сториле кривичното дело што им се става на товар. За секој од обвинетите Обвинителството му предложи на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​​

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Бомба „кашикара“ поставена до автомобил на вработен во тетовскиот затвор

Објавено пред

Триесетгодишник од Тетово, вработен во тетовскиот затвор, во утринските часови на 26 март во близина на оваа установа покрај своето возило „фолксваген бора“ забележал бомба „кашикара“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, а бомбата е подигната за понатамошна постапка.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Полицискиот час не го почитувале 107 лица, од нив 35 се приведени

Објавено пред

Низ целата држава синоќа вкупно 107 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето, при што полицијата привела 35 лица, 47 биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО.

Во текот на вчерашниот ден на 18 лица им се издадени решенија за изолација, додека 24 лица потпишале изјави за самоизолација, информираат од МВР.

Исто така, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што било евидентирано дека во еден случај лице не ја почитувало оваа мерка, односно не било пронајдено во својот дом.

По однос на проверка на објекти во изминатите 24 часа, извршени се вкупно 206 контроли и во три случаи констатирани се непочитувања на мерките.

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Влада: Граѓаните сместени во државните карантини не се закана за никого

Владата апелира до граѓаните на земјата да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани...

Економија2 часа

НБРМ: Денарот е и ќе остане стабилен

Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, велат од НБРМ. „Во повеќе наврати истакнавме дека...

Македонија3 часа

Летното сметање на времето почнува од 2 часот по полноќ

Летното сметање на времето ќе почне в недела, на 29 март, во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе...

Македонија3 часа

Забрана за движење за викенд за сите граѓани од 16 до 5 часот

Со одлука на Владата од денеска за време на викендите се забранува движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија3 часа

Од скопските општини најмногу заболени има во Карпош

Во Скопје најголем број заболени со коронавирус се пријавени во десет општини, од кои најмногу во  Карпош – 27, потоа...

Македонија19 часа

И официјално станавме 30-та членка на НАТО, македонското знаме во понеделник ќе биде подигнато во Брисел

Денеска, преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон, во Стејт департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон...

Македонија22 часа

Седум пациенти на Клиниката за инфективни болести се во потешка состојба

Седум лица заболени од коронавирус кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје се во потешка состојба, соопшти...

Македонија22 часа

Симптоми на коронавирус забележани кај вработен на Кардиологија

Вработен на Клиниката за кардиологија пројавил симптоми на коронавирус, информираше на попладневната прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче. Вработениот немал...

Македонија22 часа

Тестирани 18 вработени во Заводот за рехабилитација – Козле, откако пациент заболи од коронавирус

Се чекаат резултати од 18 тестови направени од вработените во Заводот за рехабилитација во Козле. Таму сè уште течат и...

Свет22 часа

Како ќе заврши коронавирусот – руски епидемиолог објави три сценарија

Кинезите за сузбивање на коронавирусот презедоа мерки без преседан и организираа карантин каков што досега не е виден во историјата...

Македонија1 ден

Вработен во ЈСП позитивен на коронавирус

Во ЈСП-Скопје има едно лице позитивно на Ковид-19, кое навремено било хоспитализирано, велат од Јавното сообраќајно претпријатие. Оттука нагласуваат дека...

Македонија1 ден

Регистрирани 18 нови случаи на заразени од коронавирус

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Од нив,...

Свет1 ден

(Видео) Британскиот премиер, Борис Џонсон, позитивен на коронавирус

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, е заболен од коронавирус и се наоѓа во самоизолација, но сè уште ќе ја...

Свет1 ден

Лекари во Вухан тврдат дека од 3 до 10 отсто од излекуваните повторно се позитивни на коронавирусот

Од 3 до 10 проценти од пациентите со Ковид-19 повторно биле позитивни на коронавирусот откако биле излекувани и отпуштени од...

Свет1 ден

Вчерашниот ден најсмртоносен од почетокот на пандемијата

Бројот на заразени со коронавирусот во 202 земји и територии ширум светот вчера надмина половина милион, при што САД ја...

Свет1 ден

Во САД најмногу заболени од коронавирус во светот

Во САД бројот на потврдени случаи на коронавирус се искачи на 85.612, што е најголем број отколку во која било...

Свет1 ден

Во Италија за 24 часа починале 712 лица, голем пораст на новозаболени со коронавирус

Италијанскиот северен регион Пијемонт соопшти дека 50 лица во тој регион починале од коронавирус во изминатите 24 часа, број кој...

Свет1 ден

Јужна Кореја: 96-годишна жена е најстарата пациентка во земјата излекувана од коронавирус

Деведесет и шестгодишна жена во Јужна Кореја стана најстариот пациент во земјата што целосно закрепна од новиот коронавирус, објави Си-ен-ен....

Македонија1 ден

Европските лидери ја потврдија одлуката за отворање преговори со Скопје и Тирана

Европските лидери синоќа ја потврдија одлуката на министрите за отворање пристапни преговори со Северна Македонија, објави министерот за надворешни работи,...

Свет2 дена

Бројката на заразени од коронавирус во светот надмина половина милион

Повеќе од половина милион случаи на заразени со коронавирус се регистрирани во светот до денеска. Според Worldometers.com, до објавувањето на...

Досие