Црна хроника
22-годишна девојка била допирана по телото од непознат патник во комбе од Струга кон Охрид

Во попладневните часови на 4. септември во охридската полиција 22-годишна охриѓанка пријавила дека била вознемирувана во комбе кое сообраќало од Струга кон Охрид.
Според пријавата, непознато лице кое исто така било во комбето ја допирало по телото.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Македонец почина на плажа во Драч

Турист од Македонија почина вчера на плажа во Драч, Албанија.
Инцидентот се случил вчера, околу 19:00 часот, во близина на Каваја. 66-годишниот маж Ш.А., жител на Македонија, најверојатно доживеал срцев удар откако влегол во морето и како последица на тоа го загубил животот, објавија албанските медиуми.
Албанската полиција отвори истрага за случајот, а телото на починатиот е предадено на судска медицина.
Фото: принтскрин
Црна хроника
Тројца повредени во сообраќајна несреќа меѓу три возила: едното влечело „пинцгауер“, сопственост на ДЗС

Вчера во СВР Велес е пријавено дека околу 23.00 часот, на регионалниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(66) од Велес, патничко возило „лада“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(31) од село Башино Село, велешко, и патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(31) од Велес, кое влечело возило „пинцгауер“, сопственост на Дирекција за заштита и спасување.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „тојота“ и неговата 64-годишна сопатничка К.И. од Велес, а со телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Општа болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Црна хроника
Пожар во автобус на ЈСП: повредена жена што управувала со возилото

Денеска (21.07.2025) во 07.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП, управуван од С.Б., додека се движел по булеварот.
Огнот бил изгаснат од страна на С.Б., која што потоа со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: принтскрин