Контакт

Црна хроника

Кој „пеплоса“ 10 тони цигари од струмички „Попецо Табак“?!

Објавено пред

По вчерашната пресуда со која беше објавени казните досудени за предметот „Пепел”, еден од осудените Ристо Поп-Пецев управител на „Попецо Табак Струмица“, се јави во редакцијата www.forum.com.mk изложувајќи го своето мислење и аргументи за случајот

dobivaj vesti na viber

Тој вели дека во обидот да го појасни своето тврдење дека воопшто не учествувал во никакво „злосторничко здружување”, приложува и информации за кои вели дека се деловна тајна на компанијата. Инаку во четврток претпладне кумановецот Бајруш Сејдиу доби пет години затвор а треба да врати околу 25 илјади евра, по пресудата донесена по обвинението за злосторничко здружување, злоупотреба на службената должност, за кривично дело според законот за акцизи и неовластено преземање на туѓа фирма. Неговите соработници,  Ремзи Рамадани и Наим Сефери добија 4,5 години затвор. Во овој процес за криминално здружување обвинети се 33-ца, меѓу кои е и Ристо Поп-Пецев кои се осудени на казни затвор од десет месеци до три години, а еден од осомничените е ослободен од обвинението. Според обвинението, Бајруш Сејдиу, и неговите соработници во период од неколку години фалсификувале цигари од најразлични брендови, а Сејдиу не платил повеќе од шест милиони евра за акцизи.Поп-Пецев е осуден за злосторничко здружување, за прекршување на законот за акцизи и користење туѓа фирма, за што тој и неговиот бранител тврдат дека не е точно и дека може да се види од се записниците што ги направиле инспекторите во струмичката фирма „Попецо Табак” .Во своја одбрана, Поп-Пецев наведува зашто и ги приложува како доказ договорите меѓу неговата фирма и Тутунскиот комбинат Куманово, за кои тврди дека докажуваат дека тој не учествувал во никакво здружување од средината на 2006 г., како што стоеше во обвинението. Имено од приложеното може да се види дека двете фирми склучиле договор уште во 2003 г.  а во септември 2005 г. меѓу „Попецо Табак” и ТК Куманово е склучен долгорочен договор со важност до 2010 г., за ексклузивно застапување и продажба на цигарите произведени во ТКК АД Куманово.„По започнувањето на акцијата Пепел во просториите на Попецо Табак а по налог на истражен судија инспектори од УЈП правеа контрола за која донесоа и записници. Во копијата која ви ја доставивме на увид, во првиот е утврдено дека целата пронајдена стока е  пријавена во книговодствот, со тоа што одговара деловно техничката соработка во двете компании со што од страна на генерална дирекција на УЈП се обиде со подметнување на документ од 24-10-2008 без печат и потпис а сите знаеме дека во тој период ТКК и Попецо Табак беа обезбедувани од страна на МВР и другиот записник што ви го праќам е од областа на акцизите со која се утврдува какви се производите што се пронајдени во магацините на Попецо Табак и дали има Попецо Табак некоја обврска во областа на акцизите по неа каде сум наведен како ’легален дистрибутер на легални производи од легален производител со бандероли на платена акциза на цигари’. Да ве потсетам дека во кривичната пријава што беше подигната против мене стоеше дека сум го оштетил Буџетот а 200 илјади евра и јасно стојат марките на цигари кои се одземени од магацините на Попецо Табак, јасно по вид и количина а за ваше информирање таа количина исчезна и не се појавува никаде во обвинението ниту по вид ниту по колицина. Господа новинари каде е робата за која ме осудуваат?“, обвинува во својата реакција Ристо Поп-Пецев.Тој додава дека Судот објаснува дека ужива голема доверба во ТКК и дека дел од робата ја плаќал преку сметка а дел во готовина и дека депонираната гаранција од Попецо Табак за одложено плаќање за која тврди дека имаме уредна документација, не била гаранција туку плаќање во готово.Поп-Пецев тврди дека тој е осуден на три години затворска казна, а од магацините на фирмата „Попецо Табак“ исчезнала стока во вредност од 10 милиони денари.Својот револт тој го насочува кон судството, велејќи дека не се земени предвид документите и анодите на државните институции кои извршиле контрола во работењето на претпријатието. За Поп-Пецев, чии бранители очекувано најавуваат жалби пред повисоките судски инстанци, неговиот случај е еклатантен пример дека се’ уште македонските судови носат пресуди пренабрегнувајќи ги доказите.„Ако институциите на системот кои се надлежни да утврдат дали има или нема повреда на некој закон, судот не ги зема како доказ туку слепо му верува на обвинителот да му опстои обвинението, тогаш во Македонија не треба да постои судство.“, заклучува Поп-Пецев.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница

Објавено пред

Од

Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Старица паднала од автобус, па била прегазена

Објавено пред

Од

Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Топ

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.

dobivaj vesti na viber

На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија2 часа

„Дафина Стојановска итно да си поднесе оставка – пратеничката функција е сосема спротивно од ова што таа го демонстрира“, велат од Левица

​​​​​Левица бара итна оставка од пратеничката од редовите на ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од гостиварско, „која очигледно и веќе во неколку...

Македонија2 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија2 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион3 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија4 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија4 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет4 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет5 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа5 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет5 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет5 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа5 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион15 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија16 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет18 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија21 час

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија24 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија1 ден

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија1 ден

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...