Црна хроника
Уапсен крадец што „оперирал“ низ скопската населба Аеродром
Скопјанец на 28 години, Б.П. од Скопје, е уапсен и осомничен дека во периодот од 19 јануари до 11 февруари годинава на подрачјето на општина Аеродром, кога извршил четири кривични дела „тешки кражби“ ограбувајќи апари и стока во вредност од околу 293 илјади денари
Од преземените активности е утврдено дека на 19/20 јануари пријавениот извршил тешка кражба во интернет кафе „Милениум“ лоцирано на улица „Руди Чајавец“, при што со употреба хебла ја провалил надворешната врата, влегол внатре и украл техничка стока компјутери, камери вредни околу 27 илјади денари. Следнито ден Б.П. во игротеката „Тиквичка“ на булевар „Јане Сандански“, пак со хебла ја отворил влезната врата, влегол внатре и украл плеј-стејшн и теелвизор во вредност од околу 76 илјади денари. По три дена, на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во канцелариите на ДАСТ ИНВЕСТ ДООЕЛ-Скопје, на истиот начин ја отворил вратата и украл лап-топ кој е проценет на 130 илјади денари.Ноќта на 10 кон 11 февруари, во студиото „Продизајн“ на булеварот „Јане Сандански“ пак со хебла ја искршил металната решетка од влезната врата влегол и украл пари во разни апоени, компјутер пентиум 4, монитори и во вкупна вреднос од 60 илјдаи денари.Скопската полција иам сознаниај дека вој разбојник е сторител уште на десет тешки кражби во фирми и претпријатија, како и на 16 тешки кражби во автомобили, случаи кои се’ уште се докуменираат. Од МВР велат дека станува збор за лице кое и во миантото повеќепати било кривично пријавувано и казнувано.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Црна хроника
При контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од деца
Министерството за внатрешни работи информира дека се одземени ножеви и боксирач од малолетници при вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во периодот од 14:00 до 16:00 часот во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.
-При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР посочуваат дека сите малолетници се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.
Црна хроника
Возач на комбе не забележал човек зад возилото, го удрил и тешко го повредил
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 30 јануари 2026 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров се случила несреќа со тешки последици.
Според пријавата, М.Д., управувајќи товарно возило – комбе, при движење наназад не го забележал Д.З. (51) од Скопје, кој се наоѓал покрај ограда зад возилото, при што го удрил. Повредениот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

