Црна хроника
Кривични пријави за директорите на Здравствен дом Охрид
Актуелните директори на Здравствениот дом во Охрид, заработија кривични пријави, поради основано сомнение дека се сторители на кривичното дело „Несовесно работење во службата”, јави Ohridnews
Двајцата пријавени директори на Јавната здравствена установа „Здравствен дом” Охрид, со свесно пропуштање на должен надзор и очигледно несовесно постапување во вршење на своите должности и овластувања, во периодот од октомври 2006 до октомври 2009 година, не презеле никакви мерки за наплата на лакови во износ од 546.914 денари, со што го оштетиле Здравствениот дом односно државниот Буџет.Според СВР Охрид, пријавените со комисиски пописни листи и две фактури, продале лекови со исправен рок на употреба, од здравствен дом, на концесионер на Аптека од селото Белчишта. Во текот на Декември 2007 година, купувачот на лековите, самоволно ја откажал концесијата и лековите кои воопшто не биле платени и ги вратил во охридскиот Здравствен дом. Дел од повратените лекови биле со поминат рок, но пријавените не презеле никакви мерки кон концесионерот, не побарале и не спровеле наплата и лековите едноставно ги примиле назад. Покрај тоа, директорите, од страна на Бирото за лекови на РМ, побарале поништување на лековите односно нивно термичко спалувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Кучевиште
Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.
Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско.
На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Пијан 36-годишник од Кичево се однесувал агресивно во казино, двајца охриѓани се истепале во друго казино
Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.„Н“, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, извести СВР Охрид.
Исто така ноќеска во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа 36-годишниот Р.С. од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработените. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,06 промили алкохол во крвта. Тој е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

