Црна хроника
Еден убиен и двајца ранети во престрелка во гостиварското село Неготино
(проширено) Едно лице е убиено, а двајца се ранети во престрелка која се случи во недла околу пладне на пазарот во полошкото село Неготино. Меѓу ранетите е и десетодишно момче од селото Добридол, кое случајно се нашло на местото
Инцидентот e потврден од Министерството за внатрешни работи од каде се’ уште очекуваат подеталан извештај од гостиварската полицијаКако што посочија од МВР, во моментот полициски екипи го обезбедуваат местото, а се очекува на местото на настанот да излезе истражен судија, Заменик јавен обвинител и лица од крим-техника.За време на пукотниците застрелани се браќата К.С. и М.С. и двајцата од селото Ломница, додека повреден бил случаен минувач А.Ф. од гостиварско село Добри Дол. Според информации од СВР Тетово трите лица се здобиле со прострелни рани од пиштол. Повредените биле итно пренесени во Гостиварската болница, каде К.С. им подлегнал на повредите, а М.С. и А.Ф. во тешка состојба се пренесени на Скопската клиника.Според првичните информации на пукањето му претходела вербална расправија со непознато лице кое, според сеуште непотврдени информации е тој што пукал кон браќата .
Увидот на самото место сеуште трае соопштуваат од Тетовската полиција која е налдежна и за гостиварското подрчје,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.