Црна хроника
Пет лица уапсени за шверц на хероин на македонско-бугарска граница
Околу шест килограми висококвалитетен хероин е запленет е од страна на македонската полиција на македонско-бугарска граница, при обид истиот да биде внесен во Македонија
Информацијата ја објави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, прецизирајќи дека пратката била наменета за косовскиот нарко пазар. „Македонската полиција при операцијата „Пирин“, по претходно добиени оперативни информации од бугарските колеги, уапси пет лица“ изјави Јанкуловска додавајќи дека 4 од нив се веќе изведени пред истражен судија.Директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски информираше дека акцијата била организирана од припадници на една моќна група од бугарското подземје . Тој упати порака дека оваа група и покрај тоа што е многу моќна, ќе биде разбиена во наредните шест месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.