Црна хроника
По пет години бегство, полицијата го уапси Алил Усеини
По пет години бегство, полицијата вчера го уапси Алил Усеини кој во 2002 година киднапира пет цивили на автопатот Тетово – Скопје во близина на Жеровјане
Во акцијата на припадниците на Единицата за брзо распоредување, Усеини е приведен во неговата куќа, каде се обидел да избега откако ги забележал полициските специјалци.Усеини се бараше со потерница за издржување на казна затвор од 12 години за киднапирање и недозволено поседување на оружје.Тогаш заедно со другите осомничени за истиот случај го условуваа ослободувањето на грабнатите со ослободување на осудени лица. За разлика од останатите приведени, успеа да и побегне на полицијата и илегално да ја напушти Македонија. Во јуни 2003 година, уапсен е во близина на село Радолишта – Струшко, при што кај него се пронајдени оружје и муниција кои илегално ги поседувал. Веднаш е приведен и со судска наредба префрлен во Истражниот затвор во Шуто Оризари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

