Црна хроника
Приведен киднапер, жртвата ослободена
Лицето С.И (47) од Скопје е во 30-дневен притвор, поради основано сомневање дека извршил „грабнување“ на 49 годиншната Л.Ј од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи
Според полициските сознанија С.И. на паркингот од Авто Центарот Тојота, застанал пред Л.Ј. и со употреба на физичка сила и закана насилно ја внел на задните седишта од возилото марка рено 18 и се упатил кон село Визбегово. Грабнувањето се случило во 6:50 минути во петокот, а откако пристигнале во с.Визбегово во близина на Бензинска пумпа “Макпетрол“, осомничениот ги заклучил вратите возилото, извадил шнајдерски ножици и и се обратил на оштетената со зборовите „Сега си моја, ако пробаш да бегаш ќе те убијам “ Жртвата успеала да му се јави на својот полубрат и му кажала дека е со пријавениот и дека се во неговото возило во Визбегово и го прекинала разговорот. Во 07.30 часот, од мобилниот телефон на оштетената се јавил осомничениот и на нејзиниот полубрат му се обратил со зборовите „Немој повеќе да ја барате, зашто ќе ја убијам„ и го прекинал разговорот, по што полубратот случајот го пријавил во ПСОН Карпош. Од страна на СВР Скопје веднаш се преземени мерки со цел пронаоѓање на грабнатата, така што околу 14:00 часот таа била пуштена. Грабнувачот бил пронајден од страна на единицата “Алфа“ и со него е извршен разговор, а возилото е одземено и од извршениот преглед на истото пронајдени се предметните ножици кои исто така се одземени. Осомничениот заедно со кривичната пријава вчера беше изведен пред надлежен Истражен судија, кој му одреди мерка притвор во времетраење од 30 дена
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.