Црна хроника
Јанкуловска: Исчезнатите деца не се жртви на трговија со органи
Немаме индиции дека исчезнатите деца се жртви на трговија со органи, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска
„Во овој конкретен случај за децата кои исчезнаа, ние немаме досега апсолутно никакви сознанија кои би воделе во таа насока. Сепак, како надлежно министерство кое работи на откривање на овие лица, ние и понатаму продолжуваме со анализа и сите можни информации сме должни да ги провериме. Доколку се јават и таков тип на сознанија секако дека ќе бидат разгледани, односно ќе бидат преземени мерки по тие сознанија, но до овој момент такви сознанија немаме“, изјави Јанкуловска. Се уште нема трага од Митат Ибраими од Средно Коњаре и Дане Мемеди од Куманово. Полицијата ги бараше телата на исчезнатите деца по бреговите на реките Пчиња и Кумановска, но семејствата се уште немаат одговор дали нивните деца се удавиле во реките, дали се киднапирани или пак се жртви на трговија со органи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Починато машко лице пронајдено на автобуска постојка во Центар
Ноќеска во 00:05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар е пронајдено починато машко лице без документација, наверојатно бездомник.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Црна хроника
Му пукнала петарда во рака: тешко повреден 12-годишник во скопски Аеродром
Ноќеска во 23:26 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 12-годишник од Скопје.
Според пријавеното, околу 23:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродором во Скопје, на малолетникот му пукнала петарда во рака, која ја тргнал со рака да не му падне на глава, а била фрлена од негов соученик.
Црна хроника
Пијан скопјанец паднал од трговски центар: со тешки повреди е пренесен во болница
Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје.
Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

