Црна хроника
НАТО по грешка нападна цивилен автобус во Авганистан
Четири цивили се убиени а уште 18 се тешко ранети во напад на силите на НАТО врз автобус во јужната авганистанска покраина Кандахар, пренесе
Според изјавите на локалните авганистански функционери, автобусот патувал од Кандахар кон провинцијата Херат, кога припадниците на Алијансата кон него истрелале ракетаИнцидентот го разгневило локалното население, а очевидци навеле дека бесната толпа која се собрала на улиците почнала да вика „Смрт на Америка“ .Според BBC, овој инциден дополнително го влошува моментално затегнатите односи меѓу авганистанските власти и силите на НАТО, бидејќи ова не е прв случај кога од погрешни процени гинат авганистански цивили.Телевизијата јавува дека гневното население не успеало да ги смири ниту ветувањето на валстите дека веднаш е преземена истрага која треба да ги расветли причинит е за нападот, атим истражители обвинителот на Кандахар испратил и во командата на НАТО
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Починато машко лице пронајдено на автобуска постојка во Центар
Ноќеска во 00:05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар е пронајдено починато машко лице без документација, наверојатно бездомник.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Црна хроника
Му пукнала петарда во рака: тешко повреден 12-годишник во скопски Аеродром
Ноќеска во 23:26 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 12-годишник од Скопје.
Според пријавеното, околу 23:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродором во Скопје, на малолетникот му пукнала петарда во рака, која ја тргнал со рака да не му падне на глава, а била фрлена од негов соученик.
Црна хроника
Пијан скопјанец паднал од трговски центар: со тешки повреди е пренесен во болница
Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје.
Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

