Црна хроника
Оружен грабеж на маркет на Тинекс во Карпош
Две засега непознати лица синоќа се обиделе да извршат оружен грабеж во маркет на Тинекс, во скопската населба Карпош 4, а по турканица со еден од вработени ги фрлиле украдените пари и избегале
Според полициските сознанија синоќа околу 21 часот и 30 минути две вооружени лица со пиштоли влегле во маркет „Тинекс“ на улицата Вич во Скопје и со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над вработените Р.Г. (30), Л.С. (55) и В.А. (24).Едното лице вооружено со пиштол стоело на влезната врата, додека другото дошлло до една од касите одземајќи дел од парите од дневниот промет.Во еден момент вработениот Р.Г. дошол до лицето, по што настанала турканица и лицето што стоело на вратата му удрило тупаница во главата на Р.Г.По ова, непознатите лица излегле од маркетот, а одземените пари ги фрлиле во непосредна близина на влезната врата и се дале во бегство. Полицијата презема мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.