Црна хроника
„Метастаза“: Притвор од 30 дена за приведените
Со лисици на рацете од Основниот суд 1, триесет и тројцата лекари, претседатели и членови на комисиите за доделување на инвалидски пензии попладнево беа однесени во истражниот затвор во Шутка, јавува Макфакс
Роднините на уапсените со извици „ова е политичка хајка“, „ништо не ви можат, невини сте“, а некои и со солзи на очите, ги испратија уапсените во затвор со седум полициски комбиња.На сите триесет и седум осомничени, од кои четворица се недостапни за полицијата им е одреден триесетдневен притвор, дури попладнево, по распитот кој траеше повеќе од 12 часа.„Мојата сопруга сто посто не е инволвирана во ништо, ова е најголемата мафија што постои во државата. Уапсени се луѓето што немаат врска со оваа работа. Оваа држава, да биде држава треба да ги уапси правилните луѓе, а не да уапси луѓе кои воопшто не се инволвирани. Сега одам кај премиерот да го прашам што значи ова за нашата држава“ вели Стојан Силјановски, сопруг на една од обвинетите.„За да се определи притвор мора да постојат силни причини за секого поединечно, не може да се стави се на куп. Притворот во секоја правна држава е последна мерка за обезбедување на присутност“ вели адвокатот на еден од обвинетите кој бил инволвиран како помагач, Владимир Ракочевиќ.Во вчерашната полициска акција „Метастаза“, беа уапсени 33 лекари, претседателот на ревизионата комисија, претседателката на првостепената комисија за доделување на инвалидски пензии, членови на комисиите, 17 лекари и други помагачи. Четворица се уште се недостапни за полицијата.Тие се товарат дека со злосторничко здружување, неправилно доделувале инвалидски пензии, на лица кои им плаќале одреден надомест.Се стекнале со нелегална имотна корист од 165.000 евра, а Фондот за пензиско и инвалидско осигурување го оштетиле за 53.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.