Црна хроника
Кривични пријави за царинска измама
Царинската управа поднела две нови кривични пријави против две правни и две физички лица, под сомнение дека извршиле кривичнo делo „царинска измама“, со кои дрдржавата е оштетена за неколку стотици илајди евра
Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Куманово и одговорното лице, македонски државјанин од Куманово, затоа што во текот на 2006 г.со приложување на лажни фактури, осомничените избегнале плаќање на царински и други давачки во износ од 3.185.508,00 денари.Со една царинска декларација во 2006 г. осомничените увозно оцариниле уреди за греење и ладење на објекти, со потекло од Австрија. Поради основано сомнение дека во приложените фактури не е прикажана вистинската вредност на стоката, Царинската управа ги испрати истите на проверка кај царинската служба наод каде е добиен одговор дека оригиналните фактури се разликуваат од приложените, односно вкупната вредност на стоката изнесува 197.134,69 евра. Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Скопје и одговорното лице, македонски државјанин од Скопје, затоа што во текот на 2006 г. со приложување лажни фактури, осомничените избегнале плаќање на царински и други давачки во износ од 944.066,00 денари.Со осум царински декларации, во 2009 г., осомничените увозно оцариниле свежо овошје и зеленчук, со потекло од Холандија. Поради основано сомнение дека во приложените фактури не е прикажана вистинската вредност на стоката, Царинската управа ги испрати истите на проверка кај царинската служба на Кралството Холандија од каде е добиен одговор дека оригиналните фактури се разликуваат од приложените, односно вкупната вредност на стоката изнесува 98.633,07 евра, со појаснување дека на барање на увозникот се издавани фактури со пониска вредност заради економска корист на истиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

