Црна хроника
Загина работник во рудникот Брод-Гнеотино

Еден работник од битолската фирма Макстрој денеска го загуби животот во несреќен случај што настана во површинскиот коп Брод-Гнеотино, соопшти АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ)
Животот го загуби Љупчо Лозевски, роден 1976 година од с.Сопотница, Демир Хисар, вработен во фирмата Макстрој, која врз основа на договор извршува работи во Подружница РЕК„Битола“, се наведува во соопштението.Инцидентот се случил околу 11:30 минути, а во моментот претставници на надлежните органи вршат увид за причините за несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен тетовец, кај него бил пронајден хероин

Денеска, во 11 часот, во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Ј. С. (50) од Тетово.
Kај него, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при прегледот бил пронајден хероин.
Педесетгодишниот тетовец бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Црна хроника
Притвор од 48 часа за косовски државјанин за пукањето во Ѓорче Петров

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесеното писмено известување, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување краткораен притвор од 48 часа за косовски државјанин со цел да се обезбедат докази за пукањето во Ѓорче Петров. Предлогот на јавниот обвинител беше прифатен и на лицето со решение му е определен краткотраен притвор од 48 часа.
За истиот настан, приведено беше уште едно лице, но тоа е пуштено бидејќи од МВР немало докази за негова инволвираност.
„Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе писмено известување за настанот што се случи на 1.3.2021 година, околу 16 часот, на улицата Борис Сарафов во Скопје, кога од патничко моторно возило ‘голф 5’, без регистарски таблички, беше пукано со огнено оружје кон автомобил ‘мерцедес’, со скопски регистарски таблички, управувано од лице од с. Горно Свиларе, при што возачот на ‘мерцедесот’ добил прострелна рана во левата натколеница.
Надлежниот јавен обвинител денеска издаде повеќе наредби за вештачење биолошки траги, на патрони од испукани куршуми и други наредби за обезбедување докази. Од добиените резултати од наредените вештачења зависи дали ќе се потврди директната инволвираност во настанот на лицето за кое беше определен краткотраен притвор. По изготвување на овие вештачења, во согласноаст со Законот за кривичната постапка, Обвинителството ќе одлучи за понатамошниот тек на постапката“, соопшти ОЈО.
Црна хроника
Автомобил излета од патот Битола – Кичево, повредена жена

Педесет и петгодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа, што се случила вчера утрото на патот Битола – Кичево.
Несреќата се случила кога автомобил „рено меган“, со битолски регистарски ознаки, управуван од А. Ц. (35) од с. Долно Оризари, Битолско, излетало од патот. Во незгодата тешки телесни повреди добила сопатничката В. Ц. (55) од Долно Оризари, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Битола.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер