Црна хроника
Полицаец организирал проституција на две малолетнички

Две малолетнички четири дена биле сексуално злоставувани од страна на седумчлена група на возраст од 22 до 33 години
Групата, како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи(МВР), била организирана од страна на полицаецот Илчо Стојанов од Велес, кој бил вработен во МВР како обезбедување на амбасади.Двете малолетни девојки на возраст од 16 и 17 години, биле качени од таксист од село Лозово, кој ги пренел во Скопје, по нарачка на полицаецот.Наместо дома, девојчињата биле предадени на тројца од припадниците од групата, на улица Водњанска, во близина на амбасадата на Словенија.На средбата било договорено девојките да ги однесат во Гостивар, каде ќе даваат сексуални услуги за сума од 2.000 до 8.000 денари, а парите ќе се делат меѓу организаторите.На 25 април малолетничките биле однесени во некоја викендичка во Маврово и додека пружале сексуални услуги, клиентот разбрал дека се малолетни и им дал мобилен телефон да се јават дома.Еден од организаторите забележал дека девојките се јавуваат на телефон, им го зел мобилниот телефон и на таткото на едната од нив му кажал да обезбеди 20 илјади евра за да ги вратат девојчињата дома.Таткото пријавил во полиција и уште истиот ден приведени се дел од лицата, додека во бегство е само еден член. На сите им е одреден 30 дневен притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.