Црна хроника
Пијан Велешанец со пиштол плашел луѓе на бензинска

Педесет-годишен велешанец забаработи прекршочна пријава поради сторено кривично дело носење оружје на јавно место
Тој под дејство на алкохол на шести овој месец, околу 4.30 часот, дошол на бензиската пумпа „Брако Петрол“, која се наоѓа во новиот дел на Велес, со намера да стави гориво во неговото возило. Кога излегол од возилото вработените забележале дека човекот на појасот имал пиштол марка „Чешка зброевка“, кој го поседувал со дозвола.Во еден момент тој почнал силно да вика кон присутните „Сакате ли да пукам вие да гледате“. Вработените и другите присутни не само што се изненадиле туку се исплашиле од ваквиот однос на пијаниот човек, бидејќи тој ја загрозил нивната лична безбедност. Некои од вработените,кој биле присебни настанот веднаш го пријавиле во СВР Велес. Полицијата, со брза интервенција дошла на бензиската пумпа, мирно го привела пијаниот Е.С. во просториите на полициската станица. Пиштолот му го одзеле,а по извршениот разговор и по неговото отрезнување од алкохолот тој си заминал дома. СВР Велес до Основното јавно обвинителство против Е.С. поднесе прекршочна пријава за сторено кривично дело носење оружје на јавно место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Мопед излетал од патот во Охрид: возило му го попречил правецот на движење

Вчера во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „7 ноември“ во Охрид, мопед „кимко“, управуван од Т.Т.(44) од охридското село Куратица, излетал од коловозот.
Патнички автомобил „ровер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.М.(60) од Скопје, кој се вклучувал во сообраќајот, му го попречил правецот на движење.
Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Во сообраќајна незгода во Скопје тешко повредена девојка, која управувала електричен тротинет

Во сообраќајка што се случила во Скопје тешко е повредена девојка која управувала електричен тротинет откако се судрила со автомобил.
Според информациите на МЦР, вчера во 17.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и Кеј „13-ти Ноември“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(55) од Скопје и електричен тротинет, управуван од Д.П.(24) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Изгореа подруми во зграда во Аеродром

Пожар избувнал вчера во подруми во зграда во Аеродром.
Според информациите на МВР, вчера во 11.28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, во подрумските простории од станбена зграда настанал пожар.
Од пожарот биле зафатени четири подрумски простории. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Повредени лица нема.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.