Црна хроника
Син уби мајка во Светиниколско
Син ја убил сопствената мајка во Светиниколското село Немањици. Вчера околу 11 часот започнала расправијата меѓу нив
Педесет и едно-годишниот Перица Лазаревиќ ја удрил од подот, седумдесет и седумгодишната мајка, а потоа уште неколкупати ја удирал со главата од подот.Синот пријавил дека мајка му починала и побарал дозвола за погреб. „Мајката неколку пати пријавувала дека син и ја малтретирал. Затоа заедно со лекарот испративме и полициска екипа“ вели Снежана Санева, портпарол на СВР Штип.Констатирано било дека смртта настапила насилно. Синот е приведен, а телото на починатата е предадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се запали БМВ во Драчево
Денеска во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, во двор од семејна куќа на К.К.(30) од Скопје, настанал пожар во неговото патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тројца малолетници тепале и со остар предмет повредиле 22-годишно момче
Полициски службеници лишиле од слобода тројца малолетници поради физички напад, соопшти МВР.
-Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда, стои во соопштението.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.
Црна хроника
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени и кршел инвентар
Средношколец од Скопје, вчера попладне упатувал закани кон вработени во училиште, при што оштетил и дел од инвентарот, соопшти МВР.
-На 06.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените во училиштето и им упатувал закани, по што оштетил и дел од инвентарот, стои во соопштението на МВР.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.