Контакт

Црна хроника

Убиениот Алиу бил осуден на доживотен затвор

Објавено пред

На денешната шресд конференција во МВР беа офиијално откриени идентите на убиените од шерцерксата гропа кај скопското село Радуша, ги потврди вчерашните инфорамции на Форум, дека станува збор за лица кои имаат дебели поициски досиеја

dobivaj vesti na viber

Харун Алиу (39) од скопската населба Сингелиќ, еден од лицата кои загинаа во престрелката кај Радуша бил водач на шверцерската група. Откако МВР доби потврда за идентитетот на тројцата македонски државјани кои загинаа во престрелката, денеска ги презентираше нивните криминални досиеја. За четвртиот од загинатите се уште чекаат потврда од косовските власти. Ако се потврди неговиот идентитет од личните документи, тогаш тројца од четворицата загинати се барале со меѓународна потерница.Алиу, во отсуство беше осуден на доживотен затвор за убиството на специјалецот Зоран Марковски, што се случи кај бензинската пумпа во Автокоманда, во јануари 2008 година. МВР го бара со меѓународна потерница издадена од декември 2008 година. Судот го осуди на доживотна казна затвор за убиство на свиреп начин и злосторничко здружување.Шабан Зенуни (36) од тетовското село Мерово е еден од обвинетите во хашкиот случај „Мавровски работници“. Од септември 2008 година се бара со меѓународна потерница.Во групата ликвидирани се наоѓал и косовскиот државјанин Џафер Шаља (31) од Приштина, кој што се барал со меѓународна потерница и во Македонија бил осуден на девет години затвор. Шаља, за чиј идентитет се уште нема потврда, бил во групата на Лирим Јакупи Нацист во 2004-та која го контролираше Кондово. Подоцна во стан во Тетово заедно со Нацист беше опколен од полицијата но успеа да избега по престрелката. За двете дела е осуден на 9 години затвор во отсуство. Последниот загинат е Кемал Фејзула од селото Грчец.Од МВР не потврдуваат никакви понатамошни активности во врска со вчерашната акција, иако утрово беше забележителна поголема активност на полициски хеликоптери. Не соопштуваат ни дали има приведени, иако неофицијално се дознава дека има двајца приведени за престрелката кај Радуша.„МВР продолжува да работи на случајот интензивно, се преземаат сите неопходни мерки за утврдување на евентуална инволвираност  и на други лица кои што соработувале со групата, така што во оној момент доколку се утврди идентитет и на други инволвирани и доколку бидат обезбедени соодветни докази, навремено ќе биде информирана јавноста“ вели портпаролот на МВР, Иво Котевски. Тој не потврдува поврзаност на двата инциденти во Радуша и Блаце, но и не исклучува таква поврзаност.„Засега нема индиции за поврзаност на оваа група со оружјето кое беше складирано и групата која што го обезбедуваше кај Блаце, но како што кажав се уште се работи на расчистување на сите детали околу случајот така што во моментов не можеме да потврдиме некаква поврзаност, но исто така не можеме ни да исклучиме некаква поврзаност“ додаде Котевски. Полициските сили, ноќта меѓу вторникот и средата, се судрија со шверцерска криминална група во реонот на селата Радуша, Рашче и Свиларе, која нелегално сакала да пренесе оружје во Македонија. Во моментот кога полицајците го запреле комбето на шверцерите, тие отвориле оган кон полицијата, при што било возвратено. Во престрелката загинаа четворицата членови на шверцерската банда. Во комбето беше пронајдено оружје, меѓу кое имаше и старо од југословенско потекло, но и современо. На 29 минатиот месец полицијата се судри со 12 члена криминална група, која чуваше неколку бункери со оружје кај Блаце. Тогаш имаше само еден повреден од групата, која успеа да пребега на Косово



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка

Објавено пред

На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.

За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село

Објавено пред

На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.

dobivaj vesti na viber

По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.

Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола

Објавено пред

На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.

dobivaj vesti na viber

Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет1 час

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет2 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет3 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет4 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет6 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија8 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет10 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет11 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет16 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет20 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет20 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет21 час

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет21 час

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет21 час

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет22 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија22 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет22 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет22 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет1 ден

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...