Црна хроника
Харун Алиу бил водач на шверцерската група
Харун Алиу (39) од скопската населба Сингелиќ, еден од лицата кои загинаа во престрелката кај Радуша бил водач на шверцерската група. Откако МВР доби потврда за идентитетот на тројцата македонски државјани кои загинаа во престрелката ги истакна нивните криминални досиеја
За четвртиот од загинатите се уште чекаат потврда од косовските власти. Ако се потврди неговиот идентитет од личните документи, тогаш тројца од четворицата загинати се барале со меѓународна потерница.Алиу, во отсуство беше осуден на доживотен затвор за убиството на специјалецот Зоран Марковски, што се случи кај бензинската пумпа во Автокоманда, во јануари 2008 година.МВР го бара со меѓународна потерница издадена од декември 2008 година. Судот го осуди на доживотна казна затвор за убиство на свиреп начин и злосторничко здружување.Шабан Зенуни (36) од тетовското село Мерово е еден од обвинетите во хашкиот случај „Мавровски работници“. Од септември 2008 година се бара со меѓународна потерница. Во групата ликвидирани се наоѓал и косовскиот државјанин Џафер Шаља (31) од Приштина, кој што се барал со меѓународна потерница и во Македонија бил осуден на девет години затвор.Шаља, за чиј идентитет се уште нема потврда, бил во групата на Лирим Јакупи Нацист во 2004-та која го контролираше Кондово. Подоцна во стан во Тетово заедно со Нацист беше опколен од полицијата но успеа да избега по престрелката. За двете дела е осуден на 9 години затвор во отсуство.Последниот загинат е Кемал Фејзула од селото Грчец.Од МВР не потврдуваат никакви понатамошни активности во врска со вчерашната акција, иако утрово беше забележителна поголема активност на полициски хеликоптери. Не соопштуваат ни дали има приведени, иако неофицијално се дознава дека има двајца приведени за престрелката кај Радуша.
„МВР продолжува да работи на случајот интензивно, се преземаат сите неопходни мерки за утврдување на евентуална инволвираност и на други лица кои што соработувале со групата, така што во оној момент доколку се утврди идентитет и на други инволвирани и доколку бидат обезбедени соодветни докази, навремено ќе биде информирана јавноста“ вели портпаролот на МВР, Иво Котевски.Тој не потврдува поврзаност на двата инциденти во Радуша и Блаце, но и не исклучува таква поврзаност.„Засега нема индиции за поврзаност на оваа група со оружјето кое беше складирано и групата која што го обезбедуваше кај Блаце, но како што кажав се уште се работи на расчистување на сите детали околу случајот така што во моментов не можеме да потврдиме некаква поврзаност, но исто така не можеме ни да исклучиме некаква поврзаност“ додаде Котевски.Полициските сили, ноќта меѓу вторникот и средата, се судрија со шверцерска криминална група во реонот на селата Радуша, Рашче и Свиларе, која нелегално сакала да пренесе оружје во Македонија. Во моментот кога полицајците го запреле комбето на шверцерите, тие отвориле оган кон полицијата, при што било возвратено.Во престрелката загинаа четворицата членови на шверцерската банда. Во комбето беше пронајдено оружје, меѓу кое имаше и старо од југословенско потекло, но и современо.
На 29 минатиот месец полицијата се судри со 12 члена криминална група, која чуваше неколку бункери со оружје кај Блаце. Тогаш имаше само еден повреден од групата, која успеа да пребега на Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos
Црна хроника
Двајца малолетници без возачка фатени зад волан во Охрид и Струга, одземени автомобилите
Два одвоени случаи на управување возило од страна на малолетници без положен возачки испит се регистрирани ноќеска во Охрид и Струга.
Во 23:40 часот, на пресекот на улиците „Сатеска“ и „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид при сообраќајна контрола исклучиле од сообраќај патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и нема стекнато право за управување моторно возило. Во присуство на родител, возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Неколку часа подоцна, на 2 март 2026 година во 01:15 часот, при сообраќајна контрола во струшката населба „Тефериќ“, полициски службеници од ОВР Струга исклучиле од сообраќај патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од малолетник без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител, со малолетникот бил извршен службен разговор, возилото било одземено, а по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

