Црна хроника
Еден загинат во сообраќајка на патот Бојане-Скопје
Едно лице од скопското село Бојане загина во сообраќајна несреќа на локалниот пат Бојане-Скопе
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, вчера околу 13,00 часот на локалниот пат Бојане-Скопје, на место викано „Чаука“, се судриле „голф“ со скопски регистарски таблички и работно возило „мерцедес“ со тетовски таблички.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Шабан Ф., како и сопатниците Х.Х.(1981) и Х.М.(1950) од село Бојане, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Ш.Ф., Х.М., Х.Е.(2005) и Х.М.(2007) сите од село Бојане.Сите повредени се пренесени во Воена болница-Скопје, каде Шабан им подлегнал на повредите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се запали БМВ во Драчево
Денеска во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, во двор од семејна куќа на К.К.(30) од Скопје, настанал пожар во неговото патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тројца малолетници тепале и со остар предмет повредиле 22-годишно момче
Полициски службеници лишиле од слобода тројца малолетници поради физички напад, соопшти МВР.
-Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда, стои во соопштението.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.
Црна хроника
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени и кршел инвентар
Средношколец од Скопје, вчера попладне упатувал закани кон вработени во училиште, при што оштетил и дел од инвентарот, соопшти МВР.
-На 06.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените во училиштето и им упатувал закани, по што оштетил и дел од инвентарот, стои во соопштението на МВР.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.