Црна хроника
Полицијата трага по убијците на работникот на „Македонија пат“
Министерството за внатрешни работи трага по две маскирани вооружени лица, кои денеска на патот Велес – Скопје во обид да го ограбат комбето на Македонија пат, убија едно и повредија уште едно лице
Инцидентот се случил денеска околу 12 часот и 30 минути, на околу 500 метри до километар од наплатната рампа Петровец, на автопатот Велес Скопје, кога оружените лица најпрвин запреле Ситроен берлинго, со струмички регистерски таблички, а кога наишол пикапот на Македонија пат, се обиделе да го запрат.Откако возилото на Македонија пат не застанало, двете вооружени лица со калашников почнале да пукаат кон него.Пикапот на Македонија пат изрешетан не застанал и продолжил кон Скопје.Двајцата разбојници го избркале возачот од струмичкото Белрлинго и го следеле пикапот и пукале во него, до клучката во близина на Хиподром, каде се откажале од потерата.
Повредениот возач со мртвиот совозач успеал да стигне до експозитурата на Стопанска банка во населбата Автокоманда, на неколку метри од полициската станица, каде што побарале помош.Според МВР напаѓачите од Хиподром зеле друго возило, кое е пронајдено во оставено Кадино село. Полицијата ги блокира сите приоди и излези по кои се движело возилото.Повредениот, прво бил пренесен во Ремедика, а сега се наоѓа во Државна болница и е надвор од животна опасност со две прострелни рани во раката.
Од Македонија пат нема пријавено дека парите се украдени. Нивниот пикап, кој го носел прометот од наплатните станици во банка, немал обезбедување ниту приватно ниту од МВР.Од МВР апелираат сите правни лица кои носат парични средства да обезбедат приватна заштита или да побараат обезбедување од МВР.
Повеќе фотографии со вознемирувача содржина
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Кучевиште
Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.
Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско.
На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Пијан 36-годишник од Кичево се однесувал агресивно во казино, двајца охриѓани се истепале во друго казино
Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.„Н“, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, извести СВР Охрид.
Исто така ноќеска во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа 36-годишниот Р.С. од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработените. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,06 промили алкохол во крвта. Тој е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

