Црна хроника
Мухамед Иса бил уапсен на 27 април
Мухамед Иса, осомничен за убиството на Рамадан Рамадани и едно од лицата, кои се наоѓаат на списокот со криминалци кои се кријат на Косово бил уапсен на 27 април, односно три дена по убиството за кое што се сомничи
Иса го уапсила косовската гранична полиција кај селото Шурдан, сакајќи илегално да ја премине границата.Портпаролот на МВР, Арбер Бека вели дека нема информации за други уапсени лица. Тој не сакаше да коментира ниту дали списокот е во рацете на косовските власти.
„Она што можам само да ви кажам е дека лицето е уапсено на 27 април во селото Шурбан, поради илегален премин на границата“ изјави Бека за Макфакс.Македонското министерство за правда се уште не добило известување од Министерството за внатрешни работи дека ова лице е уапсено, па затоа не можеле да покренат ниту екстрадициона постапка.На 24 април, Мухамед Иса го застрела Рамадан Рамадани, вработен во ЕВН, поради тоа што му ја исклучил струјата во неговата чајџилница.По убиството, Иса избега,а полицијата го уапси неговиот татко Екрем Иса и му поднесе кривична пријава за недозволено поседување на оружје.Иса досега немал полициско досие, но неговиот татко Екрем бил обвинет и осудуван на затворски казни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се запали БМВ во Драчево
Денеска во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, во двор од семејна куќа на К.К.(30) од Скопје, настанал пожар во неговото патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тројца малолетници тепале и со остар предмет повредиле 22-годишно момче
Полициски службеници лишиле од слобода тројца малолетници поради физички напад, соопшти МВР.
-Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда, стои во соопштението.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.
Црна хроника
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени и кршел инвентар
Средношколец од Скопје, вчера попладне упатувал закани кон вработени во училиште, при што оштетил и дел од инвентарот, соопшти МВР.
-На 06.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените во училиштето и им упатувал закани, по што оштетил и дел од инвентарот, стои во соопштението на МВР.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.