Црна хроника
Притвор за напаѓач на возилото на ЦК Банка
Основното јавно обвинителство во Куманово му одреди 30-дневен притвор на А.Т. (35) од Куманово, осомничен дека учествувал во неуспешниот обид за кражба на пари од возило на Централна Кооперативна Банка во март годинава
А.Т. е осомничен дека на 10-ти март, заедно со уште двајца сторители, со две возила марка „Фиат Уно“ сина и црвена боја го пресретнале и запреле службеното возило на банката, ги принудиле возачот М.А.(40) од Скопје и лицето од обезбедување Н.Б.(43) да излезат и да легнат на земја.Тој вооружени со автоматски пушки неколку пати го удриле М.А. по градите и им се заканиле дека ќе ги убијат.Еден од напаѓачите влегол во возилото на банката и се упатил во правец на Скопје, додека другите двајца сторители се качиле во црвениот „Фиат“.Полицијата тогаш ги блокираше сите патни правци и веднаш беше пронајдено возилото на банката и возилото на крадците со украдените пари.По извршената проверка, во возилото на напаѓачите се пронајдени отпечатоци на осомничениот А.Т.Тој е и порано пријавуван за тешки кражби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

