Црна хроника
Десетгодишно дете почина од слепо црево во велешката болница
Mесрет Зекиров (10) од село Горно Јаболчиште почина утрово во хируршкото одделение во велешката болница, откако му се влошила здравствената состојба по извршената операција на слепо црево
Со болки во стомакот детето во болницата било донесено во саботата и веднаш потоа му била извршена операција на слепо црево. По операцијата детето било сместено собата во хируршкото одделение да заздравува, но наредниот ден наместо да му биде подобро, тоа се пожалило на болки во стомакот.
Состојбата му се влошила во неделата ноќта, кога имал неиздржливи болки.„Јас дојдов околу 11 часот вчера да бидам со него. Детето само си бараше вода по малку и се жалеше на болки во стомакот. Утрово околу 5 часот почна повеќе да го боли стомакот, почна да повраќа и отидов да викнам лекар. Но кога дојдоа лекарите веќе беше починато. Тие се растрчаа и се обидоа да му помогнат, но веќе беше касно“ рече Бахир Зекиров.Директорот на болницата Ванчо Граматов вели дека операцијата на детето и постоперативниот тек биле уредно завршени.„Утрово некаде околу 7 часот нагло настанало влошување на здравствената состојба кај детето. Веднаш е пристапено кон реанимација, но за жал неуспешна и во 7.30 часот детето почина“ рече Граматов.За смртниот случај извештај ќе подготви и комисија на лекари, меѓутоа кои се причините за смртта на Зекиров, ќе се знае по обдукцијата и по извештајот од Институтот за судска медицина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

