Црна хроника
Триесетдневен притвор за гинекологот Марјан Стојовски
Против хирургот гинеколог Марјан Стојовски, раководител на операциските сали на Клиниката за гинекологија и акушерство, кој вчера беше приведен, е поднесена кривична пријава за примање поткуп, а истражен судија му одреди 30-дневен притвор, соопшти во сабота МВР
Пријавениот Стојовски како хирург-гиниколог во Клиниката за гинекологија и акушерство во неколку наврати од лице од Кичево побарал и примил 120 илјади денари за да ја оперира неговата сопруга, иако тоа му е обврска во рамки на работните задачи. Оштетениот во текот на минатата и оваа година ја носел сопругата на прегледи кај пријавениот, при што била констатирана дијагноза „тумор на матка“ и требало да и се изврши хируршка интервенција. Гинекологот ги известил пациентката и нејзиниот сопруг дека нејзината здравствена состојба е загрижувачка и се влошува, поради што е неопходна операција што е можно поитно, а за неа требало да платат 80 илјади денари, износ што подоцна го зголемил на 120 илјади денари.Осомничениот хирург барал парите за хируршката интервенција да му ги дадат лично нему, а тој „наводно“ ќе ја направел потребната уплата на сметка на клиниката. Сопругот на пациентката го пријавил случајот на 24 април годинава во Министерството за внатрешни работи по што се преземани мерки и активности за обезбедување докази за откривање на случајот и документирање на кривичното дело. Откако претходно технички биле обработени договорените за исплата 120 илјади денари, во три наврата од по 40 илјади денари, на 13 и на 20 минатиот месец и во петокот, сопругот на пациентката му ги предал парите, што било документирано. При извршен претрес вчера во домот и во работните простории на пријавениот пронајден е дел од технички обработените пари, кои се предмет на кривично дело, во износ од 77.000 денари од кои 47 илјади денари биле во работните простории а другите 30 илјади во неговиот дом.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

