Црна хроника
Му заѕвонил на врата и го застрелал во домот во Куманово
Триесет и девет-годишниот кумановецот Горан Трајковски синоќа бил убиен во својата семејна куќа на улица АВНОЈ, кога непознато лице му заѕвонило на врата по што го застрелало
Според СВР Куманово, непознато лице со пиштол во раката заѕвонило синоќа околу 22.30 часот во куќата на Горан во кумановската населба Зелен рид. Тој ја отворил вратата и кога видел дека лицето е вооружено и маскирано, веднаш ја повикал жена си.Жената дотрчала и кога го видела убиецот со марама на устата и капуљача од дуксер, со пиштол во раката со сета сила почнала да го турка за да ја затвори вратата. Откако успеала да ја заклучи вратата го видела својот сопруг како паѓа, повреден со еден куршум во пределот на рамото.Сопругата на починатиот не видела и не слушнала кога точно бил застрелан нејзиниот сопруг. Таа веднаш повикала брза помош, но во ургентниот центар во Куманово, била констатирана смрт.Кумановската полиција има осомничени и во моментот неколку лица се повикани на информативен разговор.
Семејството на убиениот и самиот Горан се познати во Куамово како долгогодиѓни бизнисмени со текстил. Засега полицијата нема индиции дали мотив за убиството се деловни односи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

