Црна хроника
Кривични пријави за екс раководството на „Македонија пат“
Кривични пријави против шест поранешни одговорни лица во Јавното претпријатие Македонија Пат, поднесе денеска полицијата, поради сомневање дека и наштетиле на фирмата за 7,8 милиони денари
Како што соопшти МВР, кривичната пријава е поднесена против Д.К.(52)-одговорно лице во ЈП Македонија Пат, П.Р.(47)-претседател на Комисијата за јавни набавки при ЈП Македонија Пат, Д.О.(54) и Н.М.(57), двајцата во својство на членови на Комисијата за јавни набавки, како и против М.С.(65) и М.Б.(56)-двајцата во својство на надзори ангажирани од Фондот за магистрални и регионални патишта.Пријавата е поднесена поради сомневање дека наведените лица во периодот на 2003, 2004 и 2005 со намера да остварат противправна имотна корист за повеќе правни лица искористувајќи ја својата службена положба и овластување сториле кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, со што го оштетиле ЈП Македонија Пат во вкупен износ од 7.818.329,00 денари (близу 130.000 евра).Постои сомневање дека спровеле постапка за јавна набавка со Отворен повик спротивно на Законот за јавни набавки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се запали БМВ во Драчево
Денеска во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, во двор од семејна куќа на К.К.(30) од Скопје, настанал пожар во неговото патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тројца малолетници тепале и со остар предмет повредиле 22-годишно момче
Полициски службеници лишиле од слобода тројца малолетници поради физички напад, соопшти МВР.
-Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда, стои во соопштението.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.
Црна хроника
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени и кршел инвентар
Средношколец од Скопје, вчера попладне упатувал закани кон вработени во училиште, при што оштетил и дел од инвентарот, соопшти МВР.
-На 06.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените во училиштето и им упатувал закани, по што оштетил и дел од инвентарот, стои во соопштението на МВР.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.