Црна хроника
Барал 2000 евра за да не објави снимки од орален секс на Facebook
Полицијата уапси уценувач, кој на негов познаник му побарал најпрвин 500, а потоа 2.000 евра за да не објави компромитирачки снимки од него, на Facebook
Дваесет и едногодишниот кумановец пред четири дена му пратил неколку СМС пораки на дваесет и едногодишниот тетовец и му понудил да се сретнат во Скопје на старата автобуска станица.Со закана дека ќе го убие, кумановецот го натерал да седнат во некој кафе бар во близина на железничката.Во кафе барот бил присутен само келнерот, а двајцата гости седнале на вториот кат. По кратко време кумановецот почнал да го удира тетовецот со тупаници по главата присилувајќи го на орален секс.Гнасниот чин го снимал со мобилниот телефон на оштетениот, кој му го одзел заедно со 2.000 денари, го принудил да позајми 3.000 денари од негов другар и потоа под присила го однел во соба во населбата Влае.Од таму со закани и тепање околу 23 часот, пешки од Влае се упатиле кон Новата железничка станица каде, како и претходно, неколку пати го присилил на орален секс.Околу 00:30 часот му се заканил дека доколку до сабота не му исплати 2.000 евра, видео материјалот ќе го пушти на facebook.Кумановецот продолжил да му се заканува, па вчера околу 13:30 часот се сретнале во трговскиот центар „Мавровка“ каде, оштетениот му исплатил 500 евра, а насилникот му ја вратил мемориската картичка со снимениот видео материјал.Во тој момент полицијата го уапсила, а во текот на денот ќе биде изведен пред истражен судија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се запали БМВ во Драчево
Денеска во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, во двор од семејна куќа на К.К.(30) од Скопје, настанал пожар во неговото патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тројца малолетници тепале и со остар предмет повредиле 22-годишно момче
Полициски службеници лишиле од слобода тројца малолетници поради физички напад, соопшти МВР.
-Денеска (07.09.2024) во 02.40 часот полициски службеници од полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреда, стои во соопштението.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.
Црна хроника
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени и кршел инвентар
Средношколец од Скопје, вчера попладне упатувал закани кон вработени во училиште, при што оштетил и дел од инвентарот, соопшти МВР.
-На 06.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените во училиштето и им упатувал закани, по што оштетил и дел од инвентарот, стои во соопштението на МВР.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.