Црна хроника
Арачиновец ранет од соселанец
Арачиновец синоќа бил ранет, кога жител од истото село испукал неколку куршуми кон него, соопшти Министерството за внатрешни работи
Пукањето се случило околу 20.30 часот на улица „1“ во Арачиново. Триесет-годишен арачиновец испукал неколку истрели кон дваесет идве-годишен арачиновец додека тој се возел со мотор. Повредениот продолжил да вози и откако извозил околу 200 метри, паднал од моторот.Жител на населбата „Ченто“ го пренел ранетиот во Ургентниот центар, каде му била констатирана тешка телесна повреда, односно прострелна рана во горниот дел од карлицата. Таму е задржан на натамошно лекување.На местото на пукањето е извршен увид и пронајдени се пет чаури. Полицијата трага по сторителот, кој е во бегство. Причините кои довеле до инцидентот биле нерасчистени односи меѓу двајцата жители, информираат од локалната полциска станица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

