Црна хроника
Беровчанец ранет со нож по пијанка во кафеана

Двајца беровчани, минатата ноќ во кафеана во селото Русиново, откако претходно консумирале алкохол почнале расправија, која што за кратко преминала во тепачка
Во тепачката едниот од учесниците Ж.Т. извадил нож и го нападнал дваесет и едногодишниот А.Б., нанесувајќи му повреди во пределот на левата надлактица и десната страна од стомакот, соопштуваат од МВР.На повредениот А.Б. му била укажана лекарска помош во Здравствен дом во Берово и поради сериозноста на повредите е пренесен и задржан на лекување во Ургентен центар во Скопје.На местото е извршен увид и најден е ножот, а полицијата по целосно расчистување на настанот против Ж.Т. ќе биде поднесе соодветна пријава, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.