Црна хроника
Уапсена петчлена група фалсификатори на платежни картички
Единицата за борба против Компјутерски криминал при при МВР откри меѓународна криминална група составена од осум лица, кои на подрачјето на повеќе градови во Македонија вршеле нелегални трансакции со фалсификувани платежни картички
Криминалната група е составена од пет македонски државјани Л. Ј. (32) од с.Таринци – штипско, В.Г. (31), инаку суспендиран полициски службеник, Н.П.(21), Р.Т.(21) и И.С.(18), сите од Штип и три бугарски државјани А.П.(32), Н. В.И.(32) и И.К. (33). Сите се пријавени за кривични дела изработка и употреба на лажна платежна картичка и соизвршителство, освен И.К. кој е пријавен за помагање во врска со истите кривични дела.Како што соопшти МВР членовите на криминалната група во периодот од 17 до 25 јуни годинава во Скопје, Штип, Велес, Кавадарци, Радовиш и Охрид на повеќе банкомати на две домашни банки успеале да извршат вкупно 110 успешни нелегални трансакции со кои земале 1.033.000 денари.Двајца од осомничените Л.Ј. и А.П. набавиле фалсификувани платежни картички и истите ги употребиле на повеќе банкомати, а дел од фалсификуваните платежни картички им ги давале на другите осомничени кои за одреден надомест од подигнатата сума вршеле нелегални трансакции.Четири члена на криминалната група се приведени во моментот кога ги вршеле нелегални трансакции на два банкомати на домашна банка во Штип.Истражен судија на Л.Ј. и тројцата бугарски државјани им одреди мерка притвор од 30 дена, а додека на останатите четворица пријавени им е одредена мерка куќен притвор во траење од 30 дена.ЕБПКК презема дополнителни мерки и активности за откривање и на други лица поврзани со оваа криминална група, соопштуваат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.