Црна хроника
Велешките арамии најмногу крадат техничка стока
Велешката полиција забележува дека на територијата на општината и во околината се почести се кражбите на компјутери, фотоапарати, камери и друга техничка стока
Техничката роба има највисока цена на црниот пазар и најлесно се продава, е ставот на надлежните органи од Општина Велес, што се заснова на податокот дека во изминатиов период како најголема мета на велешките арамии се токму компјутерите, дигиталните фотоапарати и камери. Во СВР Велес последниве месеци регистрирани се повеќе кражби на стока од овој вид со што се потврдуваат претходните констатации. Кражбите се извршени во приватни куќи ,училишта ,бутици. Најголем број компјутери се украдени од училиштата „Св.Кирил и Методиј” во Велес и „Петар Поп Асов” во Богомила. Арамиите не ги заобиколиле и продавниците во кои се продава таков вид на стока.Секторот за внатрешни работи од Велес активно работи на расветлување на сите кривични дела. Досега на овој план е направено доста, сметаат надлежните. Инаку, до пред неколку месеци како приоритетна стока кај крадците беа металите поради високата откупна цена во отпадите. Посебно на мета беше бакарот кој и најмногу се крадеше.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

