Црна хроника
Еден пожарникар затруен во пожарот во Капиштец
Нема повредени граѓани во пожарот што попладнево избувна на деветтиот кат во зграда во близина на Трговскиот центар Зебра, скопската населба Капиштец
При гаснењето на пожарот од чадот затруен е еден од пожарникарите, кој се наоѓа во стабилна здравствена состојба, јави репортерот на Макфакс.Сите станари од зградата беа излезени надвор заедно со пожарникарските екипи, кои предмалку го изгаснаа пожарот. Сопственикот на станот, каде што избувна пожарот немо гледаше како му гори сопствениот стан и не сакаше да разговара со новинарските екипи.Станарите од зградата објаснуваат дека сопственикот на станот веќе еден месец работел на негово реновирање. Мајстори работеле во станот и утрово. Официјално, од противпожарната служба сеуште ги испитуваат причините поради кои настанал пожарот. Станот бил со големина од околу 90 метри квадратни.Командирот на противпожарната единица, Благоја Менковски, тврди пожарот го зафатил само станот каде што избувнал. При гаснењето на пожарот учествуваа пожарникари од противпожарните служби од Тафталиџе и Автокоманда.Паралелно со нивната работа, пајак службата ги собираше паркираните возила во близина на зградата со цел да овозможи поефикасна работа на пожарникарите. Присутни беа и медицински екипи.Командирот Менковски објаснува дека пожарот се гаснел со помош на скала од висина од 30 метри, која не била доволна за да достигне висината на опожарениот стан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.