Црна хроника
Запленети околу 500 стебла марихуана во кумановско и прилепско
Полицијата во две одделни акции во кумановското село Отља и Бело Поле во општина Долнени, прилепско, заплени вкупно 457 стебла од растението „канабис сатива“ од кои се произведува марихуана и хашиш
Во акцијата во кумановско растението било најдено во двор на семејната куќа и покрај овие стебла, биле пронајдени и две дополнителни ќеси со исушена марихуана.На кумановецот Исмаили Зелбехар, кај кого била пронајдена дрогата, му е одреден 30 дневен притвор.За изминатите неколку недели МВР заплени вкупно 1,400 стебла „канабис сатива“.Меѓу приведените беше и битолскиот млекар Душко Илиевски, кој заедно со неговиот брат и татко беа осомничени за производство на марихуана на нивната нива. Пред неколку дена Битолскиот суд го укина притворот за тројцата и ги пушти да се бранат од слобода.Душко Илиевски излезе со обвинувања дека бил физички малтретиран кога ја давал изјавата во полиција. Секторот за внатрешна контрола при МВР ги испитува наводите на млекарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе
МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено по член 140 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавената Ј.Н., вработена во Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај во Кочани при СВР Штип, на 13 септември 2025 година, на место викано „Суитлак“ во Штип, се сретнала со женско лице – полицаец-приправник, исто така вработена во МВР, по што, според податоците на Одделот: „Насилно ја внела во возило ‘бмв’ со кое дошла на локацијата, ја удирала по телото и не ѝ дозволила да излезе, одземајќи ѝ ја слободата на движење.“
Со сторените дејствија, според внатрешната контрола, постои основано сомнение дека Ј.Н. го сторила горенаведеното кривично дело.
Дополнително, Одделот ќе поднесе и предлог за поведување дисциплинска постапка против пријавената, а како задолжителна мерка ќе изрече суспензија од работното место до завршување на постапката.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

