Црна хроника
Тешко повредено осумгодишно дете во Велес
Детето е повредено во сообраќајна несреќа што се случи на раскрсницата кај Гимназијата, кога настрада цело семејство
од Дијана Иванова, Велес
Повреденото семејство заедно преминувало преку улицата. кога на нив налетал автомобил марка „голф“ со велешки регистарски таблички управуван од 60-годишниот Т.Р од Велес. Тригодишно дете заврши со сериозни повреди и уште четворица патници се повредени во тешката сообраќајна незгода што во сабота навечер се случи на главната сообраќајница во Велес. Поради сериозноста на повредите опасни по живот, на малолетното дете му била укажана помош во велешката болница и веднаш било транспортирано на скопската Хирушка клиника.Со полесни повреди се здобиле уште едно осумгодишно дете, М.Ѓ (33), А.Ѓ (59) и Р.Ѓ (57) од Велес. Сообраќајката се случила околу 19.40 часот на улица „Благој Ѓорев“ , пред ресторант „Панини“. На лице место е направен увид од истражните органи. Анализите и резултатите од увидот ќе треба да ги утврдат причините за сообраќајката. Првичните информации се дека возачот на голфот не ги пропуштил пешаците кои улицата ја преминувале на одбележан пешачки премин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

