Црна хроника
Двајца се карале – трет го изел котекот
Еден жител на Согле и тројца на Бузалково нападнале сопственик на кафeана. Двајца се карале а Т.И го изел котекот
Кај велешанецот Т.И лекарите од велешката болница констатирале тешки телесни повреди откако пред кафeаната „Боем” бил физички нападнат од четири лица.Настанот се случил неодамна кога деветнаесет годишниот И.Ш. од Согле додека седел во кафeаната започнал расправија, во која имало и туркање, со газдата на споменатиот угостителски објект по што Т.И. како трето лице ги раздвоил. Но откако работите се смириле И.Ш повикал тројца другари од Бузалково и кога велешанецот излегол од кафeаната сите четворица физички го нападнале.Тепачката е пријавена во полицијата, по што е направен увид на лице место, а против сите четири лица е поднесена кривична пријава за нанесување на тешка телесна повреда.На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес во последните седум дена регистрирани се пет нарушувања на јавниот ред и мир од кои еден случај карање и викање на висок тон, еден случај нарушен јавен ред и мир со омаловажување на службено лице-полициски службеник и три случаја со учество во тепачка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

