Црна хроника
Откриени засади канабис на нива на 76-годишна баба
Поголеми количества стебла канабис сатива во Пелагониско, откри битолската полција. Против 76-годишната старица е поднесена кривична пријава за основано сомнение дека сторила кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“
Од Емилија Јовчевска, БитолаОтсекот за недозволена трговија со дрога при Секторот за внатрешни работи Битола добиле сознанија дека на парцела во нива во местото викано Мученици во атарот на селото Лознани, има засадено и се одгледува поголемо количество стебла од растението канабис сатива.„Во насока на проверување на сознанијата, вчера од страна на полициски службеници од СВР беа преземени мерки и активности, и беше извршен претрес“изјави м-р Ѓоко Стрезовски, портпарол во СВР Битола.На местото каде што се пронајдени стеблата е извршено фотографирање и видео запис, а стеблата ќе бидат испратени во МВР на РМ. „Од страна на полициските службеници, извршен е разговор со сопственичката на нивата, 76-годишна жителка на село Лознани со иницијали Ц.Т.“, вели Стрезовски. Ова е трета поголема количина марихуана пронајдена во пелагониско во последниот месец.Против 76-годишната старица е поднесена кривична пријава од страна на СВР Битола заради основано сомнение дека сторила кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, по член 215 од кривичниот законик на РМ, пренесе попладнево битолската ТВ Тера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од скопско село измамена за 95.400 денари со лажно ветување за стан и вработување
54-годишна жена од скопско село пријавила дека била измамена за сума од 95.400 денари.
Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му исплатила пари на едно лице, кое ѝ ветувало дека ќе ѝ помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник.
Како што било пријавено, по извесно време лицето престанало да одговара на нејзините телефонски повици, по што таа сфатила дека била измамена.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром
Тепачка се случила вчера во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром.
Според информациите од МВР, вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје
Вчера околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И.(57) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно дококументирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

