Црна хроника
Црн викенд на македонските патишта

Вкупно четири загинати во три одделни сообраќајни несреќи на македонските патишта е црниот епилог регистриран во изминатиот викенд
Како што соопшти во понеделникот Министерството за внатрешни работи, брачен пар од Прилеп загина вчера околу 11,30 часот на патот Прилеп-Ресен, откако нивното возило „Лада Нива“ од засега неутврдени причини излетало од патот во провалија.Еден велосипедист загина вчера попладне на регионалниот пат Штип-село Кадрифаково по удар од патничко возило „Голф“.Возрасен моторџија од Скопје, кој имал 71 година, смртно настрадал во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје-Тетово, откако со неговиот мотор се судрил со патничко возило „пежо“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведени криминалци барани со потерници за затворски казни

На 05.07.2025 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Р. (31) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за доиздржување затворска казна од три години и 10 месеци, за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 06.07.2025 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.А. (56) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година, за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 05.07.2025 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.Ф. (44) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година и шест месеци, за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Црна хроника
Уапсен возач во Скопје, возел пијан и предизвикал сообраќајна несреќа

Уапсен е возач во Скопје кој возел со 3,08 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна несреќа во која тешко е повредено едно лице.
На 06.07.2025 околу 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Србија“, бул.„Трета Македонска бригада“ и бул.„12 Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(60) од Скопје и патничко возило „опел антара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(23) од Скопје.
Во несреќата со тешка телесна повреда се здобил И.К., а со телесни повреди се здобиле Ф.К. и неговиот сопатник П.Б.(19) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, во 18.30 часот И.К. е лишен од слобода, затоа што е утврдено дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,08 промили алкохол во крвта и против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Уапсени возачи во Неготино и во Кавадарци, управувале возила под дејство на алкохол

Полицијата уапси двајца возачи во Неготино и Кавадарци затоа што управувале возила под дејство на алкохол.
Вчера во 21.40 часот на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници го лишија од слобода М.М.(65) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал М.М. и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.81 промили алкохол во крвта.
Доцна синоќа, пак, на улица „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Т.М.(34) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал Т.М. и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.95 промили алкохол во крвта.
По документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.