Црна хроника
Фатен велешанец кој украл седум возила од Скопје
Минситерството за внатрешни работи соопшти дека е притворен 23-годишен велешанец, заради соменвање дека извршил седум кражби на возила, а скопската полициска станица „Центар“ против него до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за „одземање на моторно возило“
Пријавениот со иницијали М.Б. велешанец кој имал живеел во Скопје, според соопштението на МВР, од пети јули до 12-ти август, кога е и уапсен, украл седум возила на подрачје на полициската станица „Центар“. Кражбите ги извршувал со подесен клуч, а откако ќе ги отворел автомобилите, ги стартувал со тастер или клуч оставен во бравата и ги возел се додека во нив имало бензин а потоа ги оставал каде што ќе се запреле.Во два сличаја тој провалил и украл паркирани на улиците „Мирче Ацев“ и „Кеј 13 Ноември“ и во три случаи на улица „Моша Пијаде“, моделите автомобили се „мерцедес“, „БМВ“, „пежо“, „рено“, „тофаш картал“ и „југо“. Меѓутоа, велешанецот според сознанијата на полицијата е осомничен и како можен сторител и на други кривични, па во тек се мерки за нивно расветлување и документирање.Дваес итри-годишниот М.Б. и порано бил кривично пријавуван за дела од имотната област, главно за кражби на возилазашто и бил. Бидејќи истиот бил паран и за издржување затворска казна од седум месеци за претходно извршените кражби, тој бил веднаш предаден во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

