Црна хроника
Татко сексуално ги злоупотребил трите малолетни ќерки
Трите ќерки на возраст од три ипол, пет и на седум-годишна возраст години биле сексуално и физички малтретирани подолг период од нивниот татко, се соменва велешката полција
Четириесет иедно-годишен татко сексуално ги злоставувал своите три малолетни керќи. Моинструозниот татко во средата е приведен на распит во велешката полиција, каде се наоѓа и мајката на девојчињата.Како што неофицијално се дознава, мајката на инспекторите им рекла дека не знаела за сексуалното иживување што го правел сопругот врз заедничките деца.Засега институциите кои работат на расветлување на случајот молчат.Од полицијата само потврдуваат дека на таков случај се работи, со официјални информации ќе излезат дури во четврток. Од гинеколошко-акушерското одделение во велешката болница, не откриваат детали за случајот.Порталот Лисица неофицијално дознава дека во текот на вчерашниот ден болницата писмено ја известила полицијата дека врз најстарата и врз средната ќерка е извршен полов напад, а во среда полицијата ваква потврда добила и за најмалото дете.По извршениот распит се очекува полицијата за таткото силувач да побара Судот да изрече мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.