Црна хроника
Турист од Белград убиен во масовна тепачка во Охрид
Во масовна тепачка што во 3 часот по полноќ се случила во ноќен клуб во Охрид загинал турист од Белград, а неколку лица се повредени и пренесени во општата болница во Охрид, јавува Охрид прес
Во масовната тепачка која рано утрово се случи во ноќен клуб во Охрид загина турист од Белград, а неколку лица се повредени и пренесени во општата болница во Охрид.Инцидентот се случил околу 03:00 часот во клубот „Хавана“ во Охрид кога од засега неутврдени причини настанала масовна тепачка во која учествувале повеќе лица. Во тепачката бил смртно претепан 30-годишен посетител на клубот од Белград, а повреден е негов другар.Според извори на охридското Супер радио, неофицијално, двете групи кои учествувале во тепачката биле српски туристи.Според неофицијални болнички извори за Форум, српскиот турист со тешки телесни повреди најнапред бил пренесен во Охридската болница, каде што им подлегнал на повредите.Пред десетина дена на истата локација се случи групна тепачка во која настрада еден турист од Австралија која поради банална причина бил физички нападнат од двајца охриѓани.Двајца полициски службеници од Охрид, тогаш сакајќи да ја прекинат тепачката, при обид да ги приведат нарушителите, биле спречени од страна на други седум лица од Охрид и Штип што на еден од полициските службеници му беше нанесена тешка телесна повреда и скршеница на показалецот на левата рака.СВР Охрид работи на утврдување на причините на инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

