Црна хроника
Се’ уште се трага по осумгодишникот во Стрежевското Езеро
Екипи на битолската полиција го пребаруваат теренот околу Стрежевското езеро, а очекуваат и пристигнување на спасувачки нуркачки екипи од Скопје, по потрагата по исчезнато 8 годишно дете од тамошното село Лера
Во Битолската полиција исчезнувањето било пријавено во текот на вчерашниот ден, околу 11 часот. Како што велат од полицијата, им било кажано дека детето утрово се упатило кон Стрежевското езеро. И покрај обидите да се пребара теренот каде што неофицијално се претпоставува дека е удавено детето, сепак ќе се чека на специјални нуркачки екипи. Роднина на детето изјави дека детето со уште тројца други другари се капеле во водите на Стрежевското езеро, но кога излегле забележале дека нивниот другар го нема. Во непосредна близина имало и рибари и кога виделе дека три деца излегле од езерото а не четири алармирале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

