Црна хроника
Тројца охриѓани приведени при контрола на ноќни клубови
Охриѓаните К.И.(32), Д.Б.(29) и И.А.(34) се приведени при контрола и претреси што ги вршеле ноќеска во ноќни клубови во Охрид припадници на мобилната единица „Алфа“
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при извршените претреси кај К.И. е пронајден пиштол марка „Застава“, димна бомба, импровизирана полициска палка и неколку ампули со засега неутврдена течност. Кај Д.Б. е пронајдено помало количество марихуана и нож, а кај И.А. самострел и оптика за оружјето. По целосно документирање на случаите, против тројцата охриѓани ќе бидат поднесени соодветни пријави. Покрај овие три случаи извршено е легитимирање и претреси и кај други 30 лица кај кои не се пронајдени дрога или оружје.Извршени се проверки и на 15 патнички возила, како и контрола на вработените во обезбедувањето ноќните клубови „Кадмо“, „Парк“ и „Фешн“, но не биле констатирани никакви неправилности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

