Црна хроника
Убиство во Аеродром, двајца ранети
Едно лице е убиено, а двајца се повредени во пукање што се случи вечерва околу 20 часот во близина на трговскиот центар „Три бисери“ во скопската населба Аеродром
Убиството го потврди МВР, но засега не се соопштуваат детали. Нема информации ниту за причините поради кои се случило убиството.Дополнителни информации од полицијата најавија за подоцна. Едно лице е убиено, а двајца се повредени во пукање што се случи вечерва околу 20 часот во близина на трговскиот центар „Три бисери“ во населбата Аеродром.Неофицијално, едно лице, засега непознато за полицијата влегло во рибниот ресторан „Биг Фиш“ и со автоматска пушка “калашников“ пукал кон три момчиња кои седеле на заедничка маса во придружба на една девојка.Сторителот не пукал кон девојката. Откако ги извршило убиството, лицето ја фрлило автоматската пушка, влего во автомобил и заминало во непознат правец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.