Црна хроника
229 санкционирани возачи во Скопје, 44 за брзо возење, 17 без возачка
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.2.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 229 мерки, меѓу кои за непочитување брзина на движење 44, 17 санкции за возење без возачка дозвола, 12 за користење мобилен телефон.
Изречени се пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 6 мерки за возач почетник, седум санкции за некористење сигурносен појас и 53 санкции за непрописно паркирање.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници за обљуба со злоупотреба на положбат.
Осомничениот очув на жртвата подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и го наведувал на обљуба и други полови дејствија девојчето родено 2009 година кое му било доверено на чување и воспитување.
Кон дејствијата придонела и мајката на девојчето, која иако знаела, ниту го пријавила, ниту го спречила осомничениот во дејствијата. Со тоа не го заштитила детето од злоупотребите, иако девојчето во повеќе наврати барало помош од неа.
Предметниот јавен обвинител предложи на осомничениот очув да му биде определена мерка притвор, додека за осомничената мајка се предложени мерки на претпазливост. Јавниот обвинител ќе се координира со Центарот за социјални работи за да се преземат дејствија за згрижување на трите малолетни деца во семејството, вклучувајќи ја и жртвата.
Топ
Обвинителството бара одземање на пасошите и дозволата за возачот кој го прегази Јорго Ќука во Скопје
Обвинителството достави до судот предлог за определување мерки на претпазливост за 37-годишниот возач кој на 3 ноември со автомобил удри во поранешниот директор на „Охис“ Јорго Ќука кој со својот велосипед во тој момент се наоѓал на пешачки премин.
На осомничениот, кој има македонско и српско државјанство, се бара да му бидат одземени двете патни исправи и возачката дозвола, како и забрана за напуштање на живеалиштето и обврска повремено да се јавува кај надлежен државен орган.
Обвинителството соопшти дека возачот управувал со неприлагодена брзина која не му овозможувала да запре навремено во случај на потреба или пречка.. Пристигнувајќи на крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“, удрил во велосипедот управуван од Ќука, кој се движел по обележаниот пешачки премин. Од ударот, Ќука се здобил со тешки повреди и подоцна починал.
МВР вчера соопшти дека за несреќата приведен е Х.К.(37) од Скопје.
„Тој околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, тој е пронајден и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Краделе тутун од фолии и сушници во Василево и Босилово, направиле штета од 500.000 денари
Полицијата уапси три лица за кражба на тутун од фолии и сушари во Василево и Босилово со што направиле штета од 505.000 денари.
Според информациите од МВР, СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Е.И.(21), Т.Ф.(20) и Т.Д.(31), сите од с.Старо Балдовци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
Тие се сомничат дека во периодот од 06.08.2025 до 15.10.2025 од фолии и сушари, сопственост на жители на неколку населени места од општините Василево и Босилово, одзеле сув тутун. На тој начин тие им нанеле штета од 505.000 денари.

